ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ДА ВЕ ВИДИМЕ НА ГОЛЕМИОТ ОГАН НА ОТПОРОТ!

ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ДА ВЕ ВИДИМЕ НА ГОЛЕМИОТ ОГАН НА ОТПОРОТ!

Од 6ти до 7ми октомври во Истанбул ќе дојдат претставници/чки и бирократи/ки на мултинационалните капиталистички компании, на годишниот состанок на Светската Банка и ММФ (Меѓународниот Монетарен Фонд), каде ќе одлучуваат како да зацрнат милјарди човечки животи.

Уште една средба на врвот за заштита на интересите на капиталистичките суверени, каде економските пакети немаат друга употреба освен да додадат уште еден прстен на есплоатирачкиот ланец за милјардите сиромашни и за иднината на планетата на која живееме, ќе бидат дискутирани условите за уставно усогласување, реконструкциите и стратегиите на ограничување…

Искуствата во вистинскиот живот (Аргентина, Јамајка, Еквадор, Нигерија, Кенија, итн.) јасно покажуваат дека политиката која ја применуваат Светската банка и ММФ не е од интерес на народот, туку нуди само немаштија и експлоатација, и не постои друг начин. ММФ и Светската банка кои се водечки архитекти на глобализацијата на капитализмот се првите одговорни инструменти за протерување на сиромашните од своите живеалишта и домови преку политиките за урбана трансформација (заради облагородувње), ставање хипотека на водата, која е основна животна потреба, од страна на неколку компании, преку земјоделски политики кои го осудуваат локалниот одгледувач на сметка на глобалните капиталистички патрони, за да додадат нови прстени на ланците луѓе кои работат под новите работни правила.

13000 разбојници/чки и многу повеќе оружени сили кои добиле наредба да ги штитат ќе шетаат меѓу нас тие денови. Веројатно ќе направат да ни биде пеколно тешко! Претреси, проверка на лични карти, улични блокади, оградување, итн…

Ајде, да им прикажеме пекол тие денови! Да го претвориме нашиот голем оган во нивен кошмар!

Би сакале да организираме некои концерти, работилници, изложби, филмски проекции, дискусии и активности против ММФ и Светската банка помеѓу 1-8 октомври. Оние кои доаѓаат од други градови и земји ќе бидат згрижени/сместени. Луѓето кои сакаат да учествуваат во подготовките и организацијата можат да не исконтактираат преку контакт инфомациите. Исто така, оние кои сакаат да добиваат редовни информации во однос на подготвителната фаза на активностите може да ја посетат нашата веб-страна која повремено ќе биде обновувана/освежувана.

Во надеж да потикнеме меѓународна солидарност во деновите на големиот оган на отпорот!

Автономија на Луѓето Против Глобалниот Капитал!

Приклучи го Твојот Глас кон Крикот Против Националниот и Меѓународниот Капитал!


Контакт:

http://direnistanbul.wordpress.com/ (турски)

https://resistanbul.wordpress.com/ (англиски)

direnistanbul@gmail.com

2 Responses

  1. Ти што го имаш преведено текстот, се энаеме од некаде? Јас сум исто така анархист од Македонија…контактирај ме на m-1@risuep.net

  2. […] ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ДА ВЕ ВИДИМЕ НА ГОЛЕМИОТ ОГАН НА ОТПОРОТ… […]

Leave a comment